добредо́јдовте

Институтот за словенска филологија

За Институтот

Институтот за словенска филологија е научно–дидактичка единица која влегува во составот на Факултетот за полска и класична филилогија, при Универзитетот „Адам Мицкјевич” во Познањ.

Главно истражувачко поле на интерес на Институтот се студиите од областа на литературата, јазикот и културата од средноевропскиот, западниот и јужнословенскиот  културен простор.

Институтот соработува со различни институции, иницирајќи и вклучувајќи се во организацијата на локални случувања, на пр. во улога на посредник помеѓу културните институции од земјите на интерес, поддржувајќи со знаење и искуство во тематски настани поврзани со западнословенскиот, јужнословенскиот простор и широко разбраниот Балкан. Со години соработува со дипломатските претставништва на јужнословенските држави, редовно угостувајќи ги амбасадорите, како и членовите на консуларните мисии.

Институтот за словенска филологија води студии од прв и од втор циклус на следните насоки: бугарска, хрватска, српска и чешка филологија, полонистичко–славистички студии, уникатната наскока Балканистика, како и дволетните магистерски студии Balkan Studies, водени на англиски јазик.

Студентите учествуваат во часови посветени на историјата, литературата, културата и јазикот на избраната матична земја, на лекторати водени од страна на native speaker–и, развивајќи ги своите јазичните и преведувачките способности.

Студентите имаат шанса за стипендиски патувања во странски академски средини (обично благодарение на програмата Erasmus Plus). Студентите, исто така можат да ја искористат понудата за размена помеѓу полските факултети, која ја овозможува Програмата за студентска мобилност (MOST).

Часовите по практична наука на јазиците водени се во мултимедијални сали, како и во професионални јазични лаборатории кои на студентите им даваат можност за усувршување на вештините во областа на јазичната специјализација.

Институтот за словенска филологија организарот е на два важни фестивали: Poznań Slavic Fest и Balkan Film Fest. Секоја година организирани се студентски патувања за студентите од страна на Научниот клуб и истите даваат можност за познавање на културата и јазикот во непосреден допир со родените говорители.


Историја на Институтот

Традицијата на познањската славистика започнува 1918 год. – година на создавање на Познањскиот универзитет. Прв од отворените факултети бил Филозофскиот, кој ги опфаќал хуманистичките и природните науки. Во новоотворениот Универзитет вработени биле многу исклучителни полски слависти, како на пр.: Tadeusz Lehr-Spławiński, Mikołaj Rudnicki, или пак, Henryk Ułaszyn. Од 1925 год. Факултетот почнува да се дели на неколку специјализирани единици, настанува и Хуманистичкиот оддел, во чиј состав влегувал Западнословенскиот институт.

По II светска војна, во 1949 год. на Познањскиот универзитет создадена е Катедрата за словенска литература, која во 1952 год. го сменува името во Катедра за  словенска литература – нејзин раководител (дo 1962 год.) бил Stefan Vrtel-Wierczyński. Од 1965 год. Катедрата е збогатена со руската специјализација и преименувана е во Катедра за руска филологија, а од 1969 во Институт за руска и словенска филологија. Во неговата структура, како Оддел за словенски јазици и литератури, до 1988 год. функционира Катедрата за словенска филологија. Долголетен раководител на Одделот била doc. dr hab. Halina Pańczyk.

Во годините 1988-1996 со Катедрата за славистика раководел prof. dr hab. Tadeusz Zdancewicz. Oд 1996 дo 1999 год. prof. dr hab. Bogdan Walczak, а во Октомври 1999 год. нејзиното раководење го презел prof. dr hab. Bogusław Zieliński.

Во 2008 год. Катедрата за словенска филологија, со решение на Сенатот на УАМ од 30 Јуни 2008 год. е трансформирана во Институт за словенска филологија, чиј директор и понатаму останува prof. dr hab. Bogusław Zieliński. Истата година, Институтот се пренесува од Collegium Novum дo Collegium Maius, каде денес се наоѓа неговото седиште.


НАУЧНА АКТИВНОСТ

Главни научни истражувачки правци на Институтот за словенска филологија УАМ:

* западно и јужнословенската литература од типолошки и конфронтативен аспект на општословенско, средноевропско и балканско тло

* геокултуролошки студии кои се концентрираат на општествено–историско–политичните промени на Балканот

* родови и транскултуролошки балканистистички истражувања

* словенска културологија, како и етнокултуролошки истражувања на идентитетот на јужното Словенство, исто така и на идеите и народната митологија

* словенски јазици

* библистика и словенска пелеографија

* словенска ономастика

* иконописарството во јужното и западното Словенство

Западно и јужнословенската литература од типолошки и конфронтивен аспект се концентрира на истражувањата на бугарската, чешката, српската и хрватската проза и поезија (периодизација на уметничките и естетските текови во бугарската литература, типологија на бугарскиот модернизам и симболизам и нивните постмодернистички трансформации; авангардни текови во хрватската, српската и чешката литература во 20. век и хрватскиот историски роман, како и проблематиката за врската на литературата и етносот).

Словенската културологија, како и етнокултуролошките истражувања на јужнословенскиот идентитет доведоа до создавање на центар за славистички истражувања во Познањ, кој ја восприема неконфтонтивната перспектива на двете Славии, кои од една страна ги дели гранична линија на православен и латински дел, а другата – limes, ја дели цела Европа на Исток и Запад. Неколку организирани конференции и поконференциски томови сведочат за искуството и посебното значење на познањската славистика во рамките на тоа истражувачко поле.

Cловенските јазици – споредбена граматика на словенските јазици, посебно во областа на лексикографијата и лексикологијата; историјата на идејата за заеднички словенски јазик; историја на славистиката; сорабистиката; улогата на јазичните контакти во настанувањето и развојот на словенските јазици; словенска ономастика.

Библистика, словенска палеографија, палеославистика – развој на цврквенословенското писмо и писменост, културни модели на просторот Slaviae Orthodoxae; позицијата и улогата на Библијата во културата (словенските култури), библискиот текст како пример за староловенската писменост; анализа и интерпретација на библискиот текст во контекст на адаптација на големите идеи во словенските култури (литератури).


Истражувачки проекти

Освен повремените тематски научни конференции, Институтот за словенска филологија организатор е на славистички полско–бугарски симпозиуми (на секои две години со Универзитетот „Пасиј Хиландарски” во Пловдив), како и конференцијата „Јазикот, литературата и културата – некогаш и сега” (на секои пет години). Освен тоа, вработените во Институтот се автори и реализатори на истражувачката програма „Словенски Пиемонт”, заедно со Институтот за историја УАМ и Collegium Europaeum Gnesnense УАМ. Исто така, учествуваме во други меѓународни истражувачки програми, чии организатори се странски институции, на пр.: меѓународниот хрватско–полски проект насловен „Јосип Јурај Стросмајер”, раководен од проф. Станислав Маријановиќ од Универзитетот во Осиек, како и истражувачкиот проект „Романот на теренот на поранешна Југославија по 1990 година”, раководен од проф. Миодраг Матицки од Белградскиот универзитет, „Жените во општествениот дискурс во Бугарија и Полска – литература, уметност, медии”, реализиран од страна на проф. Галиа Симеонова–Конах. Ве покануваме да се запознаете со останатите проекти реализирани во Институтот, преку посета на страните на избрани вработени.


Структура на Институтот:

Во Институтот се наоѓаат следниве Оддели и Работилници:

  • Оддел за јужнословенски литератури

раководител: Prof. zw. dr hab. Bogusław Zieliński – e-mail: zielbog@amu.edu.pl

  • Оддел за западнословенски јазици и литератури

раководител: Prof. dr hab. Mieczysław Balowski – e-mail: balowski@amu.edu.pl

  • Оддел за јужнословенски јазици

раководител: Prof. dr hab. Mariola Walczak-Mikołajczakowa – e-mail: mawal@amu.edu.pl

  • Оддел за јазична компаратистика

раководител: Dr hab. prof. UAM Andrzej Sieradzki – e-mail: a.sier@amu.edu.pl

  • Оддел за културолошка славистика

раководител: dr hab. prof. UAM Marzanna Kuczyńska – e-mail: marzanna@amu.edu.pl

  • Работилница за родови и транскултуролошки балкански студии
  • раководител: Dr hab. prof. UAM Magdalena Koch – e-mail: mkoch@amu.edu.pl

 

Facebook